Познатиот магазин Форбс го објави списокот на најплатени спортисти на светот за изминатата година во кој се вклучени и платите и спонзорствата, а на врвот на листата се најде Лео Меси со заработка од 130 милиони долари. Од истите 75 милиони евра доаѓаат од платите, а 55 милиони долари од спонзорства.
Со тоа асот на ПСЖ зад себе ги остави Леброн Џејмс и Кристијано Роналдо. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс има приход од 121.2 милиони евра, а дури 80 од нив доаѓаат надвор од спортските активности. Неговиот најголем ривал е трет по заработка со 115 милиони евра од кои 60 милиони од платата, а 55 милиони од спонзорство.
На четвртото место се наоѓа соиграчот на Меси од ПСЖ, Нејмар со заработка од 95 милиони евра од кои 70 од фудбалската плата, а во топ 10 листата има уште три кошаркарски имиња – Стеф Кари и Јанис Адетокумпо, тука е и тениската легенда Роџер Федерер, боксерот Канело Алварез и НФЛ ѕвездата Том Брејди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА