Лео Меси ќе потпише нов договор со Барселона во август

За прв пат по долго време Лео Меси е слободен играч, меѓутоа и покрај сите гласини Аргентинецот нема да ја промени средината и во иднина повторно ќе го носи дресот на Барселона. Клубот и агентот на Меси веќе постигнале иницијален договор по што остануваат само формалности за официјализирање на истиот, пренесуваат шпанските медиуми.

Официјалното продолжување на соработката се очекува на почетокот на август кога Аргентинецот треба им се приклучи на каталонците на подготовките за новата сезона заедно со состанатите играчи кои настапуваа на Копа Америка.

Како потсетување, Барселона ова лето во своите редови успеа да ги доведе Ерик Гарсија, Серхио Агуеро и Мемфис Депај како слободни играчи, а со лидер како Меси, каталонците повторно најавија силен тим за сезона која следи.

Се вчитува...