Леонард и Џорџ конечно заиграа заедно, ЛА Клиперс триумфираа во натпреварот на годината

Еден месец по почетокот на сезоната НБА конечно дочека заеднички натпревар на Каваи Леонард и Пол Џорџ во ист дрес. Новата кошаркарска супер-двојка ги одведе ЛА Клиперси до тесна победа од 107-104 по продолжение против водечките на Истокот, Бостон селтикс.

Како што многумина го прогласија за натпревар на годината, Џорџ постигна 25 поени а Леонард – 17 поени. Но, прв стрелец на Клиперс беше Лоу Вилијамс со 27 поени. Најдобар поединец, пак, во редовите на Бостон беше Џејсон Татум со 30 поени.

Клиперси во последната четвртина надополнија и негатива од 10 поени, но Татум на 13 секунди пред крајот се избори за продолжение. ЛА Клиперс сега има 10 победи од 15 меча.

Џорџ почетокот на сезоната го пропушти поради операција на рамето, додека Леонард имаше повреда на зглобот на десната нога.

Во останатите синоќешни натпревари Вашингтон го победи Сан Антонио со 138-132, Милвоки славеше на гостински терен против Атланта, Филаделфија беше подобра од Њујорк со 109-104, а Бруклин од Шарлот со 101-91. Торонто триумфираше против Орландо со 113-97, а Денвер го победи Хјустон со 105-95.

Се вчитува...