Леонардо: Ибрахимовиќ нема да се врати во Милан

Златан Ибрахимовиќ нема да се пресели од Лос Анџелес во Милано во јануарскиот преоден рок. Нема ништо од трансферот на Швеѓанецот од ЛА Галакси во Милан потврдува спортскиот директор на италијанскит клуб, Леонардо.

„Ибрахимовиќ нема да се врати во Милан. Вети дека ако ЛА Галакси му ги исполни условите ќе го обнови договорот со нив. Ние размислувавме за тоа да го вратиме и тој го имаше тоа на ум, но ќе го одржи зборот. Тие му ги исполнија условите и тој останува таму. Тоа ќе беше одлична приказна, но нема да се случи“ -вели Леонардо.

Ибрахимовиќ за Милан играше од 2010 до 2012 година, во 2011 со клубот ја освои титулата во Серија А. Во минтата сезона за ЛА Галакси во МЛС лигата одигра 27 натпревари на кои постигна 22 гола.

 

 

 

Се вчитува...