Леонардо ќе биде „жртвата“ за испаѓањето на ПСЖ од ЛШ?

Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо, веројатно ќе замине на крајот од сезоната. Претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи наводно не бил воопшто задоволен од изданијата на фудбалерите кои Бразилецот ги донел во Париз, па му подготвува отказ на лето, пренесуваат француските медиуми.

Иако во своите редови донесоа сериозни имиња, сепак, ги завршија настапите во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Исто така Килијан Мбае наводно не сакал да сорабутва со Леонардо, и најавил дека една од причините за неговото заминување е токму тој.

За нов спортски директор се споменува Фабио Паратичи од Тотенхем, кој соработуваше со Покетино. Сепак, ниту местото на Аргентинецот не е сега загарантирано по испаѓањето од Лигата на шампионите од Реал Мадрид.

Се вчитува...