Леонардо за иднината на Покетино: Не треба да почнуваме од нула после секој пораз

Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо, ја коментираше иднината на тренерот Марусио Покетино после поразот и елиминацијата од Реал Мадрид од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

„Не мора да фрламе се во ѓубре. Не мора да почнуваме од нула после секој пораз. Наша цел е да ја освоиме Лигата на шампионите. Се беше добро во првото полувреме. треба да се стремиме да го подобриме тимот и да ја одржиме формата за француското првенство. Мораме сите да бидеме како едно. Покетино и натаму е дел од проектот. Сега не е време да размислуваме за нешто друго“, рече Леонардо.

И покрај оваа изјава, се чини дека Покетино ќе биде „поранешен“ на клупата на ПСЖ. Засега гласно се зборува за Зинедин Зидан и неговата можност да биде дел од тимот од Париз.

Се вчитува...