Леонардо за Роналдо: Некогаш се случуваат извонредни работи

Јувентус најави продажба на Кристијано Роналдо на крајот од сезонава, што значеше и отворање на просторот за ПСЖ да тргне во офанзива по португалската мегаѕвезда. Не требаше да мине долго време, неполни 24 часа подоцна директорот Леонардо се јави на одговор на новинарско прашање, какви се шансите Кристијано да ја продолжи кариерата на „Паркот на принцовите“.

„Тој е одличен фудбалер, а ние сме голем клуб, сосема нормално е Роналдо да биде поврзуван со ПСЖ. Исто така, јасно е дека ние сме дел од малата група на клубови што може да си го дозволи Роналдо. Ситуацијата е компликувана за сите, но некогаш се случуваат извонредни работи“, истакна Леонардо, подгревајќи ги надежите дека „светците“ ќе го доведат Португалецот во тимот за наредната сезона.

Голема е веројатноста дека ПСЖ летово ќе остане без Килијан Мбапе, а јасно е дека Роналдо е еден од ретките што би биле достојна замена за француската суперѕвезда. Се очекува Јувентус да прифати околу 50 милиони евра за ветеранот, кој во јуни ќе има само уште една година од договорот со „старата дама“.

Се вчитува...