Еден од коорганизаторите на Светското првенство за дами во ракомет, Норвешка ја оправда фаворитската улога против Гренланд откако вечерва очекувано славеше со убедливи 43-11.
Уште од почетокот Норвежанките тргнаа фуриозно па веќе на полувреме имаа двоцифрена предност од 19-7. Во вториот дел тие на противникот му дозволија само четири гола и на крајот стигнаа до конечен триумф од 43-11.
Фаворитската улога ја оправда и Шпанија која на рутина славеше над Казахстан со 34-17. Казахстанките во првиот дел и дадоа некаков отпор откако по 30 минути имаа негатива од само шест гола (14-8), но во второто полувреме „црвената фурија“ само уфрли во повисока брзина за конечни 34-17.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА