Лесни победи остварија првите фаворити во домашниот шампионат, ЖРК Куманово и ЖРК Металург. Металург го декласираше Кузман Вардар нагости со неверојатни 11-52. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Биљана Дамчевска со 10 гола, додека кај поразените Додевска, Атанасова, Јовевска и Ангеловска постигнаа по два гола.
ЖРК Куманово исто така на гостински терен, кај ЖРК Шампион стигна до лесна победа од 19-35. Ана Шарановиќ со 8 гола беше прво име кај кумановки, додека кај домашниот тим Богоевска го заврши мечот со четири гола.
Во последниот меч од денешната програма Стружанка беше подобра од од Спартак на гости со 20-26.
Три натпревари од ова коло беа одложени поради потврдените корона случаи во екипата на Деспина. Поради тоа не се одиграа мечевите меѓу Овче Поле СУ – Десппина, Чаир – Вардар и Пелистер – Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА