Лестер Бо Мекејлеб повторно во Сарагоса

Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб повторно во следната сезона ќе игра за шпанска Сарагоса.

По ангажманот во Луизијана во САД, Мекејлеб сега се враќа повторно во дресот на Сарагоса за која минатата сезона одигра само девет натпревари поради семејната трагедија и неколкумесечниот прекин на кошаркарските активности.

Мекејлеб е дел од генерацијата на Македонија која стигна до 4. место на ЕП во Литванија. Во кариерата има настапи за белградски Партизан, за турски Фенербахче, за Баерн Минхен во Германија, шпанска Гран Канарија како и за Њу Орлеанс во НБА.

Се вчитува...