Лестер доведе наследник на Канте

Очајните резултати на Лестер во првиот дел од оваа сезона придонесоа Клаудио Раниери повторно да се активира на фудбалската берза. Главен проблем за „лисиците“ претставува недоведувањето на адекватна замена за Нголо Канте, проблем што Раниери верува дека го решава со ангажманот на Вилфред Ндиди  редовите на Генк.

Станува збор за 20-годишен нигериски интернационалец, фудбалер кој веќе има зад себе и два настапи на сениорско ниво откако претходно со голем успех настапуваше за својата национална селекција во младинските категории. Ндиди на почетоците од кариерата настапуваше како централен дефанзивец, но „експлозијата“ ја доживеа минатата сезона откако беше прекомандуван во последен играч за врска.

Нигериецот одлично се снајде во оваа улога, го приввлече вниманието на неколку англиски премиерлигаши, за денеска и официјално да се пресели во Лестер за сума од 15 милиони фунти.

Се вчитува...