Лестер го елиминираше Манчестер Јунајтед

Лестер е последниот полуфиналист во ФА Купот на Англија откако во вечерашнта четвртинална пресметка „црвените ѓаволи“ го совладаа Манчестер Јунајтед со 3-1. Солскјер реши да го ротира тимот на „црвените ѓаволи“ за ова незгодно гостување, а мотивираните домаќини знаеја како да го искористат тоа и да стигнат до победата.

Големата грешка на Фред придонесе Ихеаначо да го донесе Лестер во водство, н гостите успеаја да стигнат до израмнување благодарение на погодокот на Гринвуд. Вториот дел донесе ново водство на „лисиците“, овојпат Тилеманс беше фудбалерот кој со удар од работ на шеснаесетникот го матираше Хендерсон и му донесе радост на Брендан Роџерс. Солскјер при резултат 2-1 реши да врати дел од првотимците на теренот, но веднаш потоа следеше и вториот гол на Ихеаначо со кој Лестер ја запечати победата.

Веќе е извршена и ждрепката за полуфиналните двојки, Челси ќе се пресмета со Манчестер Сити, додека Лестер за ривал ќе го има Саутемптон.

Се вчитува...