После трансферот на Марк Кукурелја, во Челси немаат многу среќа на трансфер пазарот. Нивните желби како Жил Кунде, Ентони Гордон и натаму се далеку од „Стемфорд Бриџ“, а далеку е и Весли Фофана.
Од Англија доаѓа информација дека Лестер нема намера да се откаже од услугите на својот стопер, па дури дека одбил вистинско богатство, односно 83 милиони евра за потписот на Фофана. Фиксниот дел бил 71 милиони, плус бонуси, што значи дека Лестер би можел да инкасира 83 милиони.
Лестер веќе третпат го одбиваат Челси за трансферот на Фофана, па така веројатно „сините“ ќе се свртат кон некој друг стопер. Екс европскиот првак наводно сега ќе ја чека разврската токму за Кунде, кој има клаузула дека доколку не биде регистриран за Барселона, да си замине во било кое време.
Исто така Челси е во преговори за ангажман на Пјер-Емерик Обамејанг. Токму трансферот на Габонецот може да го одблокира регистрирањето на Кунде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА