Лестер го сака Мерих Демирал од Јувентус за да води шампионска трка со Ливерпул

Англискиот премиерлигаш Лестер се вклучува во трката за турскиот интернационалец Мерих Демирал од Јувентус. Дефанзивецот не добива голема шанса во во италијанскиот првак по доаѓањето во Торино, а тоа сака да го искористи Брендон Роџерс и да го доведе во Премиер – лигата. Сепак, ќе има жестока конкуренција и во Арсенал, Тотенхем и Интер, кои исто така би сакале да го доведат одличниот централен одбранбен фудбалер. Лестер е подготвен да плати 25 милиони фунти за Демирал.

Тој не успеа да се наметне кај Маурицио Сари покрај Леонардо Бонучи и Матијс де Лихт и најчесто е на клупата за резервни фудбалери во составот на „старата дама“. Демирал импресионираше со игрите во турската репрезентација во квалификациите за ЕВРО 2020.

Се вчитува...