Лестер почна да го пакува Шефилд за Чемпионшип (ВИДЕО)

Лестер стигна до лесна победа над Шефилд од 5-0 во натпревар од 28. коло во англиската Премиер-лига. Ихеначо во 39. минута донесе водство за домаќините. Алоијзе Перез во 64. зголеми на 2-0. Ихеначо постигна уште два гола во 69. и 78. минута за водство од 4-0, а конечните 5-0 ги постави Брајан кој си постигна автогол.

Лестер со триумфот се искачи на 2. позиција на првенствената табела со 56 бода, односно два повеќе од третопласираниот Манчестер Јунајтед кој вечерва игра со Вест Хем. Шефилд останува закован на дното со само 14 бода.

 

 

 

 

 

Се вчитува...