Лестер посилен за капитенот: Вес Морган се враќа за Атлетико Мадрид

Може ли Лестер до ново европско чудо? Досега неколкупати го ’отпишуваа’ англискиот шампион, но успеваше да направи нова и нова сензација во Лигата на шампионите. „Лисиците“ вечерва на стадионот „Кинг Пауер“ ќе го пречекаат Атлетико Мадрид во реванш натпреварот од четфртфиналето во најквалитетното европско клупско натпреварување, а стратегот Крег Шекспир на располагање ќе го има и капитенот Вес Морган. Со него одбраната сигурно ќе биде многу поцврста, а Лестер има задача да ја надомести негативата од еден гол (0-1) од првиот меч на „Висенте Калдерон“.

Сепак, Лестер нема да биде комплетен, затоа што ќе недостигаат напаѓачот Ислам Слимани и играчот за врска Нампалис Менди. Двајцата се жалат на повреди и нема да му бидат на располагање на менаџерот Шекспир.

Се вчитува...