Лестер со триумфот над Хал сити бега од опасната зона

Шампионот Лестер со втора победа во низа успеа да побегне од опасната зона на табелата во Премиер – лигата. По заминувањето на Клаудио Раниери, „лисиците“ играат како препородени и денеска на домашен терен го совладаа Хал сити со 3-1. Иако гостите први поведоа со голот на Клукас, сепак, Фукс успеа да израмни во првиот дел на 1-1.

Алжирецот Ријад Махрез донесе водство за Лестер во вториот дел, а победата беше потврдена со автоголот на Хадлстон во финишот.

Саутемптон во ревија на голови славеше победа на гости против Ватфорд (3-4), а и Кристал Палас беше успешен на гостински терен против ВБА (0-2).

Резултати Англија: Лестер – Хал сити 3-1, Стоук – Мидлсборо 2-0, Свонси – Барнли 3-2, Ватфорд – Саутемптон 3-4, ВБА – Кристал Палас 0-2.

Се вчитува...