„Лестер“ торпедиран од лондонските „топчии“

Арсенал со фантастична игра успеа да слави на гостувањето против Лестер со 1-3, земајќи го скалпот на третопласираниот тим на премиерлигашката табела. Артета направи неколку измени во тимот по пренапорниот дуел од Лигата на Европа против Бенфика, но „топчиите“ со одлично издание го изненадија составот на Брендан Роџерс.

Успехот е уште поголем ако се знае дека Лестер прв поведе со голот на Тилеманс, но „топчиите“ најпрвин израмнија преку Давид Луиз, а пресвртот го комплетираа уште во првото полувреме, откако Лаказет биеше прецизно од пенал. Конечните 1-3 во второто полувреме ги постави Пепе по несебичната асистенција на Вилијан.

Покрај загубените бодови, дополнителен проблем за Роџерс претставуваат повредите на Џони Еванс и на Харви Барнс, кои сега ќе мораат да минат извесен период надвор од терените.

Вториот меч од програмата, дуелот меѓу Кристал Палас и Фулам заврши без голови.

Се вчитува...