Летаат „искри“ на тренинзите на Германија: Кимих и Рудигер во клинч

Фудбалската репрезентација на Германија сериозно се подготвува за настапот на Светското првенство во Русија. Атмосферата е веќе „зовриена“, а за тоа говори и инцидентот меѓу Џошуа Кимих и Антонио Рудигер. Тие по еден жесток меѓусебен дуел, како што наведува „Билд“, за малку и физички не се пресметале.

Ситуацијата морал да ја спасува Мирослав Клосе, кој е еден од асистентите во стручниот штаб на Јоаким Лев. Ако се познава по утрото, Германците навистина се „напалени“ во пресрет на мундијалот во Русија.

Се вчитува...