Флота од летечки такси може да им биде достапна на навивачите за време на Олимпијадата во Лос Анџелес. Тоа ќе бидат мини-авиони кои организаторите планираат да ги користат за барем делумно да го избегнат метежот во градот.
Организаторите планираат да користат флота од летечки такси, а се фалат дека овој вид превоз би бил евтин за навивачите, а не помалку важен – би им помогнал да го избегнат неподносливиот метеж.
„Archer Aviation“ ќе биде официјален летечки такси превозник во Лос Анџелес за време на Олимписките и Параолимписките игри во 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА