Летонците ја совладаа Турција и ја избегнаа „фуријата“ во осминафиналето

Летонија ја совлада Турција со 89-79 и успеа да ја избегна селекцијата на Шпанија во осминафиналниот дуел од Евробаскет 2017. Токму Турците ќе налетаат на „црвената фурија“, додека Летонија ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Црна Гора, која вечерва очекувано ја победи Романија со 86-69.

Порзингис со 28 постигнати поени беше најефикасен во селекцијата на Летонија, додека Чеди Осман беше најрасположен за игра кај Турците и постигна 24 поени.

Двојки за осминафинале:  Германија – Франција, Шпанија – Турција, Словенија – Украина, Летонија – Црна Гора, Литванија – Грција, Хрватска – Русија, Финска – Италија и Србија – Унгарија.

 

Се вчитува...