Лев го соопшти списокот за мечот со Македонија: Со Нојер, Вернер, Крос, Сане…

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев го објави списокот на фудбалери за квалификациските мечеви за пласман на Светското првенство во 2022 година, против Македонија, Романија и Исланд.

Лев и овој пат во репрезентацијата не ги повика Милер, Хумелс и Боатенг. Македониja ќе и гостува на Германија на 31. март во Дуисбург.

„Пред нас се три меча во рок од седум дена, така што имаме исклучително згуснат распоред. Нашата цел е да си создадеме добра стартна позиција со три победи на почетокот на овие квалификации“, изјави Лев. 

Се вчитува...