Лев најде „разумен компромис“ за голманската криза

Германскиот селектор Јоаким Лев го објави списокот за двете октомвриски средби, пријателскиот дуел со Аргентина и квалификацискиот меч со Естонија. Во фокусот на вниманието во последниот период беше конфликтот меѓу двајцата голмани, Мануел Нојер и Марк Андре Тер Штеген, „зачинет“ со заканите на Ули Хенес дека Баерн ќе им забрани на своите фудбалери да настапуваат за репрезентацијата ако Нојер биде стартен чувар на мрежата.

Сепак, Лев донесе „разумен компромис“ обелоденувајќи дека двајцата голмани ќе добијат шанса во текот на октомвриските натпревари.

„Ние не може да се жалиме, напротив, среќни сме што имаме двајца голмани од светска класа. Тоа не е проблем, донесовме одлука со тренерот Андреас Кепке како ќе се одвиваат работите на следните натпревари. Нојер ќе брани против Аргентина, а потоа Тер Штеген ќе биде прв голман против Естонија. За оваа одлука веќе се известени и двајцата голмани“ – изјави Лев.

Се вчитува...