Левандовски е „феномен“ – 50 гола оваа сезона за Баерн Минхен

Роберт Левандовски стрелаше прецизно и на последниот меч во дресот на Баерн Минхен, во ремито од 2-2  на гостувањето против Волфсбург.

Со тоа, Полјакот ја заокружи и новата неверојатна сезона, во која постигна дури 50 погодоци во дресот на баварскиот гигант. Бројките на Левандовски се застрашувачки, тој има 35 гола на 34 средби во Бундес-лигата, 13 во Лигата на Шампионите и два во Супер-купот на Германија.

Иако во август ќе наполни 34 години, Левандовски е маестрално физички подготвен, најдобра потврда за тоа е податокот дека тој настапи на вкупно 46 од 47-те средби на Баерн сезонава. Единствениот што полскиот ас го пропушти беше дуелот од Купот на Германија против петтолигашот Бремер.

Директорот Хасан Салихамиџиќ пред дуелот со Волфсбург потврди дека Левандовски ја одбил понудата за нов договор со Баерн, истакнувајќи ја својата желба кариерата да ја продолжи во друг клуб. Речиси сигурно е дека тоа ќе биде Барселона, откако Полјакот веќе ги договори личните услови со раководството на каталонскиот гигант.

Се вчитува...