Левандовски е решен да си замине, во предвид доаѓа само еден клуб

Роберт Левандовски и неговата неизвесна иднина во Баерн повторно е главна тема во европските медиуми, откако шпанскиот весник „Ас“ објави дека извонредниот голгетер сака да си замине на крајот на сезоната, и тоа исклучиво во таборот на Реал Мадрид.

За услугите на големиот ас се интересираат и неколку врвни премиерлигаши, но според мадридскиот весник, Левандовски сака токму во Реал пред се поради фактот дека како член на „кралевите“ ќе има поголеми шанси да ја освои „златната топка“.

„Левандовски е решен да си замине и ќе побара трансфер. Негов став е дека со Баерн оствари буквално е и треба да побара нов предизвик во кариерата. Реал Мадрид му е најголем сон, што наредното лето може да стане стварност. Приоритет на Реал останува Килијан Мбапе, но тоа не го менува фактот дека Реал би можел да донесе и втор врвен голгетер во текот на летото. Левандовски сака во Реал, бидејќи знае дека во овој тим може да си ја оствари големата желба и да стигне до Златната Топка“, пишува „Ас“.

Се вчитува...