Левандовски емотивно проговори за заминувањето од Баерн: Ова беше мојата најтешка одлука во животот!

Роберт Левандовски и официјално веќе не е играч на Баерн Минхен, па веќе од следната сезона ќе го гледаме во Ла Лига во дресот на Барселона.

Скоро една деценија траеше љубовта меѓу напаѓачот и Баерн со тоа што на крајот дојде до мал судир, различни ставови со тоа што клубот попушти и му ја исполни желбата на Роберт, кој реши емотивно да проговри за оваа одлука.

„Сакав да играм во друга лига од Бундеслигата, оваа одлука одамна беше донесена. Но морам да нагласам дека ова беше најтешката одлука во мојот живот. Сакав повторно да живеам на друго место, да откријам нешто ново со семејството. Ова беше можност што се случува еднаш во животот. Знам дека наскоро ќе наполнам 34 години. Но се чувствувам многу силно физички и психички. На ист начин гледаше и Барселона. Сè уште не знам што ќе се случи потоа, но ни во 2026 година не мора да биде крај. Сакам да играм на врвно ниво уште многу години“, изјави Роберт.

Се вчитува...