Левандовски: Годините се само бројка, сега имам најдобра статистика од било кога

Одличниот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигна два гола во победата на „баварците“ од 3-0 на гостувањето кај Барселона во рамки на првото коло од елитното натпреварување на Лигата на шампиони.

Репрезентативецот на Полска веќе долг период се наоѓа во извонредна голгетерската форма, па и самиот вели дека никогаш во кариерата немал подобра статистика како сега. Тој изјави дека годините не му можат ништо дека и има уште неколку сезони пред него кои ќе ги помине на врвот на светскиот фудбал.

„33 години е само бројка и не покажува колку сум навистина стар. Ако пред една година имав 27 години, сега имам 25 или 26. Мојата статистика сега е најдобра во однос на било кога претходно, не се работи само за физичката подготовка. Можам да играм уште минимум четири години“, изјави Левандовски.

Се вчитува...