Левандовски: Гвардиола ме натера да го гледам фудбалот поинаку

Роберт Левандовски, еден од најдобрите напаѓачи во моментов, кажа дека Пеп Гвардиола многу му помогнал во кариерата. Тој му беше тренер во Баерн Минхен, пред да замине во Манчестер Сити.

„Тој ме научи да го гледам фудбалот поинаку. Да ги разберам сите движење, тактика и како да ги користите во фудбалот. По работата со него размислувам поинаку. Го гледам фудбалот од поинаков агол. Разбирам кој грешел, кој играл подобро, како да се биде чекор пред противникот. Разговаравме еднаш и ми кажа: ‘Не можам да ти помогнам да станеш посилен, ти си добар, но можам да му помогнам на тимот да ја внесе топката во казнетиот простор и таму ти знаеш што да правиш“, изјави Левандовски.

Пеп беше дел од Баерн Минхен од 2013 до 2016 година.

Се вчитува...