Левандовски искрено се отвори: Знаев дека со Барса ќе имам тешка прва сезона

Роберт Левандовски одлучи боите на Баерн да ги замени со дресот на Барселона, па Полјакот својата класа ја докажа и на „Камп Ноу“, иако неговиот тим беше елиминиран во групната фаза од ЛШ.

Левандовски истакна дека не очекувал се да биде перфектно во првата сезона во Барселона.

„Беше многу лесно да се адаптирам. Сега сум во клубот во кој сакам да бидам и сум среќен. Знаев дека не може да биде се прекрасно во првата сезона, ќе имаме проблеми, но наша цел е да освоиме што е можно повеќе трофеи“, изјави Левандовски.

Се вчитува...