Левандовски ја доби „Златната копачка“ (ФОТО)

Роберт Левандовски денеска доби уште едно големо признание откако на асот на Баерн Минхен му беше врачена „Златната копачка“ за сезоната 2020/21, по извонредните настапи што Полјакот ги имаше во Бундес-лигата.

Наградата вообичаено се доделува на фудбалерот кој има најмногу голови во лигите ширум Европа, а Левандовски имаше супериорна сезона, постигнувајќи дури 41 погодок во елитното германско фудбалско друштво.

„Пресреќен сум што ја добивам оваа награда. Сакам да му се заблагодарам на семејството, на соиграчите, тренерите и на сите кои се дел од Баерн Минхен. Никогаш не би освојувал награди, ниту пак трофеи, доколку ја немам нивната поддршка“, изјави Левандовски.

Се вчитува...