Левандовски: Му кажав „ДА“ на Манчестер јунајтед

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е сè уште еден од најпочитуваните голгетери, иако се приближува кон својата петта деценија. Тој игра елитен фудбал веќе деценија и пол, а откри дека бил на работ на преселба на „Олд трафорд“.

Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, како што ги тресеше и во Германија. Тој во изјава кажа дека во 2012 година бил на чекор до преминување во Манчестер јунајтед.

„Им реков „да“ вистина е. Но, Борусија не сакаше да ме продаде, мислеа дека ќе вредам повеќе за година или две – рече Левандовски.

Иронијата на судбината сакаше Левандовски всушност да го напушти Дортмунд две години подоцна. Но, тој отиде во Баерн како слободен агент, па Борусија не доби ниту цент од надоместокот.

Се вчитува...