Левандовски му се налутил на Салихамиџиќ и бара начин да си оди од Баерн!?

Германскиот „Билд“ пренесува дека Баерн Минхен ќе остане без Роберт Левандовски на крајот од сезоната, откако искажал нездоволство од изјавата на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

„Амбициите на Левандовски се големи, сака да дава уште голови. Сега после два меча без гол е незадовлен. Но, ова е привремено. Знам дека тренерот Нагелсман работи на тоа екипата да прави повеќе шанси“, напиша новинарот на Билд, Кристијан Фалк.

Тој додава дека Левандовски го мачи неизвесноста околу иднината. Неговиот менаџер Пини Захави пред неколку недели побарал средба со челниците на „Баварците“, но не добил одговор. Исто така на Лева не му се допаднало тоа што Салихамиџиќ во едно интервју на телевизија рекол дека Баерн го следи Ерлинг Халанд.

Договорот на Левандовски е до 2023 година, и идното лето е последна шанса да заработи на него.

Се вчитува...