Левандовски не го интересираат саудиските пари

По Роналдо и Карим Бензема очекувањата се дека уште голем број на фудбалери ќе се одлучат за преселба во Саудиска Арабија. Богатите понуди на Саудиците знаат да излудат, но тоа нема да биде случајот со Роберт Левандовски, пренесуваат шпанските медиуми.

Полјакот кој претходната сезона издејствува трансфер во Барселона од Баерн Минхен има саудиска понуда на масата, но нема намера да ја прифати со желба да остане во клубот во кој целеше да премине години наназад.

Искусниот голгетер е задоволен од ростерот на каталонскиот тим и по освоената титула во Шпанија очекува атак на трофејот во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...