Роналдо и Бензема се само првите легенди кои ќе ја „колонизираат“ Саудиска Арабија

Карим Бензема го заследи примерот на Кристијано Роналдо и крајот на кариера ќе го дочека во Саудиска Арабија каде доби двогодишен договор вреден 200 милиони евра. А, поранешинте фудбалери на Реал Мадрид се само дел од колонијата која допрва треба да пристигне на Блискиот исток.

Според инсајдерот Флоријан Плетенбург по нивните стапки ќе тргнат и Рамос, Ди Марија, Левандовски, Канте, Фирмино и Модриќ за кои Саудиците се сериозно заинтересирани. Покрај нив на листата е и Лео Меси кој веќе одби пребогата понуда, но нема да биде изненадување доколку реализира трансфер во егзотичната држава доколку не се реализира планот за камбек во Барселона.

Развивање и кревање на света за фудбалот со ангажман на поранешни освојувачи на Светски првенства и Лигата на Шампиони е државен план на Саудиска Арабија кој веќе стави дознаење дека финансиите не се проблем.

Се вчитува...