Левандовски одбил да замине во Кина и да стане најплатен фудбалер во светот

Напаѓачот на Баерн Минхен и полски репрезентативец, Роберт Левандовски, одбил рекорден трансфер во Кина, затоа што сака да остане во Европа и да настапува во Бундес-лигата и во Лигата на шампионите. Неговиот агент, Чезари Кухарски, истакна дека претставници на неименуван кинески клуб го контактирале и понудиле отштета од 200 милиони евра за Баерн Минхен, како и околу 50 милиони евра годишна плата за самиот фудбалер, доколку Левандовски прифати кариерата да ја продолжи во Кина.

Но, Полјакот без многу дилеми ја одбил таа понуда, уште еднаш покажувајќи дека парите не му се пресудни, туку развојот во својата кариера.

„Да одлучеше Леви да замине во Кина, сигурно ќе имаше многу поголема плата од Карлос Тевез, кој има 40 милиони евра годишно. Ме контактираше агентот кој ги носи ѕвездите во Кина. Не го спомена името на клубот, но  истакна дека е подготвен да плати најмногу досега“, изјави агентот на Роберт Левандовски.

 

Се вчитува...