Левандовски огорчен: По се што дадов за клубот не го заслужив овој однос

Ерата на Роберт Левандовски во Баерн Минхен проследна со 375 одиграни натпревари, 344 постигнати голови, осум освоени трофеи во Бундеслигата и еден трофеј во Лигата на Шампионите најверојатно ќе заврши неславно откако полскиот репрезентативец огрочено говореше за посакуваниот трансфер во Барселона.

Како што вели тој по осум години поминати заедно Баерн Минхен треба да ја почитува неговата желба и да ја стави почитта пред бизнисот.

„По толку години поминати во клубот во кои бев секогаш подготвен и достапен и покрај повредите и болките кои ги трпев, едноставно треба да се најде решение за двете страни, а не да се инсистира на само една. Тоа едноставно нема смислам, не после толку години. Би разбрал доколку бев во Баерн само две или четири години, но по толку трофеи кои помогнав да се освојат почитта и лојалноста мораат да бидат поважни од бизнисот“, вели Левандовски.

Како потсетување, Баерн Минхен ја одби и третата понуда за услугите на искусниот голгетер која изнесуваше 40 милиони евра веднаш и 10 милиони евра на неколку рати.

Се вчитува...