Левандовски проговори за иднината во Барселона

Роберт Левандовски викендов постигна хет-трик и ја завери победата на Барселона против Селта.

Искусниот Полјак иако е во доцните играчки години не престанува да ги тресе противничките мрежи и докажува дека се уште е подготвен да игра на највисоко ниво.

Сепак, во последните недели се шпекулира за неговата иднина, бидејќи се уште не се знае дали Барселона ќе му понуди продолжување на соработката, бидејќи неговиот договор истекува во летото 2026 година.

„Целосно сум фокусиран на оваа сезона и да го извлечам најдоброто од неа. Не размислувам што ќе се случи следната сезона и дали ќе бидам во Барселона. Дури и ако клубот ме контактираше сега за да преговарам, би одговорил дека сакам да го почекам летото и да видам што е најдобро за мене и моето семејство“, изјави Левандовски.

Се вчитува...