Левандовски сака со Барселона конечно да стигне до „Златната топка“

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски немаше среќа во минатото да стигне до престижната награда „Златна топка“. Иако тој во 2020 година беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на ФИФА, сепак од „Франс фудбал“ се одлучија таа година да не ја даваат „Златната топка“.

Левандовски не крие дека сака да стигне до ова индивидуално признание кое му недостига во витрината со трофеи.

„Чувствувам како во Барселона да сум долго. Не очекував дека навивачите толку брзо ќе почнат да ми пеат песни. Барселона е клуб кој има најмногу освојувачи на „Златна топка“ во историјата. Мислам дека патот до таа награда е пократок кога сте во Барселона“, изјави Левандовски. 

Се вчитува...