Левандовски: Се сретнав со Флорентино Перез, но не гледам причина зошто би си заминал од Баерн

Роберт Левандовски во текот на летово сериозно размислуваше за промена на клупските бои, но до таков мегатрансфер не дојде бидејќи челниците на Баерн јасно ставија до знаење дека немаат намера да го продадат својот најдобар стрелец. Во меѓувреме Полјакот го промени ставот, па сега е подготвен да остане до крајот на договорот (30 јуни 2023 година), радувајќи ги на тој начин приврзаниците на баварскиот гигант.

Левандовски денеска откри дека имал средба со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, што очиледно не вродила со плод.

„Воопшто не размислувам за заминување, стопроцентно сум фокусиран на Баерн Минхен. За мене не е предизвик да играм во друга земја, бидејќи се среќавам со најдобрите тимови од сите лиги во Лигата на Шампионите. Точно е, неколку пати се сретнав со Флорентино Перез, еднаш после мечот што го игравме против Реал. Не можам да откријам детали од разговорот, но најважно е што Реал не е опција, Баерн е единствениот клуб за мене“, истакна Флорентино Перез.

Се вчитува...