Левандовски веќе се „пакува“, Барселона го носи еден од најдобрите светски голгетери

Барселона има намера да го освежи нападот идната сезона, а навивачите на тимот се воодушевени од идејата на Жоан Лапорта кого да го донесе идното лето на „Ноу Камп“.

Роберт Левандовски неколку години е главен напаѓач кај „Каталонците“, меѓутоа е јасно дека тој нема уште многу играње пред себе, со оглед дека идното лето ќе наполни 38 години. Полјакот има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, и веројатно истиот нема да биде продолжен.

Целта на Барселона е да доведе нов напаѓач од негов калибар. Неколку имиња веќе се споменуваа во последно време, а едно од нив е Хулијан Алварез од таборот на Атлетико Мадрид.

Сепак, Лапорта има идеја да тргне по напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн. Англичанецот идната сезона ќе има клаузула од 65 милиони евра, која „Каталонците“ ќе треба да ја платат за да го добијат неговиот потпис.

Во договорот меѓу Баерн и Кејн постои клаузула дека во случај на понуда од 65 милиони евра што му се допаѓа на Англичанецот, тој има право да го напушти Минхен без тој клуб да преговара со Баварците за цената.

Се вчитува...