Левандовски: Во Германија има повеќе атлетика, во Шпанија се игра повеќе фудбал

Играчот на Барселона, Роберт Левандовски направи споредба на фудбалот во Германија и во Шпанија. Полјакот кажа дека има разлика во играта во Ла Лига и Бундеслигата.

Тој кажа дека германскиот фудбал бара повеќе трчање, наместо шпанскиот каде што екипите се компактни и играат добро тактички.

„Дефинитивно има повеќе атлетизам во Бундеслигата. Има повеќе тимот во Шпанија кои сакаат да играат фудбал. Ова е мојата визија во моментов, но не исклучувам дека ќе се промени. Веќе се сретнав со екипи кои играат дефанзивно. Така беше и на натпреварот со Елче. Дадов два гола, но навистина беше тешко бидејќи противникот компактно се бранеше и умешно се движеше по теренот“, рече Левандовски. 

Се вчитува...