Леванте до реми со Алавес, едно полувреме за Барди (ВИДЕО)

Леванте ремизираше (2-2) на гостувањето против Алавес во 35. коло од Ла Лига, со која дополнително се зацврсти на средината од табелата во шпанскиот шампионат.

Понс во 30. минута ги донесе домашните до водство, но Моралес со два погодоци пред полувреме донесе предност за Леванте од 1-2.

Кога се чинеше дека гостите ќе однесат победа, Жоселу со гол во 88. минута донесе бод за Алавес.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во игра влезе во 55. минута од натпреварот токму на местото на двојниот стрелец Моралес.

 

Се вчитува...