Леванте е во криза, а тренерот го заборави Барди на клупата

Леванте ја продолжи серијата слаби игри и резултати во Примера дивизион губејќи со 3-0 на гостувањето против Реал Сосиедад, резултат со кој тимот на Енис Барди продолжи да тоне на табелата.

Изненадувачки, и покрај слабите настапи на последните натпревари на играчите за врска, тренерот на Леванте упорно инсистира на истиот тим, оставајќи го Барди на клупата за резерви. Тоа беше случај и на денешниот натпревар во Сан Себастијан, на кој Леванте беше целосно надигран во првото полувреме (заврши 2-0), но македонскиот репрезентативец сепак не влезе во игра.

Леванте последен пат триумфираше во Примера дивизион на 19 ноември, кога на гостински терен го совлада Лас Палмас со 0-2.

Се вчитува...