Леванте го загуби градското дерби од Валенсија, Барди играше 20 минути

Валенсија по три последователни порази во Ла Лига се врати на победнички колосек, и тоа со триумф (3-1) во градското дерби против Леванте. Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги одигра завршните 20 минути од овој дуел.

Санти Мина во 17.минута го доведе тимот од „Месталја“ во водство, но само една минута подоцна израмни Постиго. Во вториот дел, на Леванте му беше поништен погодок, а набрзо по ова, Лусијано Вието во 65.минута повторно донесе предност за „лилјаците“. Во финишот, Дани Парехо од пенал го постави конечниот епилог и донесе три бода за Валенсија.

 

 

Се вчитува...