Леванте изненаден од Хуелва, Барди одигра 20 минути

Леванте неочекувано загуби на домашен терен од Рекреативо Хуелва со 0-2 во првиот меч од продолжението на сезоната по репрезентативната пауза. Македонскиот репрезентативец по трите одиграни средби за националниот тим денеска не беше стартер за Леванте, но влезе во игра во 70. минута, откако неговиот тим веќе се најде во негатива од два гола.

Рафа Мир ја доведе гостинската екипа во водство во 15. минута, а истиот фудбалер беше прецизен и по девет минути игра во второто полувреме, за значаен триумф на Рекреативо.

Се вчитува...