Леванте на Барди ограбен на „Месталја“ – судиска глупост на годината (видео)

Валенсија славеше со 3-1 на градското дерби со Леванте, а главен виновник што тимот на нашиот Енис Барди остана со празни раце е главниот судија на овој натпревар.

Имено при резултат 1-1 Леванте по корнер постигна гол што беше поништен поради наводен фаул. Гостите протестираа, а по повторената видео-снимка се виде и зошто, Гаја беше турнат од сопствениот соиграч Габриел кога во близина немаше ниту еден фудбалер на Леванте.

Погледнете ја ситуацијата… а за трагедијата да биде поголема гостите веќе во следниот напад примија гол за 2-1. Конечните 3-1 Валенсија ги постави од пенал, и тој судиски подарок по непостоечкиот фаул врз Заза.

Се вчитува...