Ќе биде интересно и возбудливо за опстанокот во шпанската Ла Лига, особено после вечерашната победа на Леванте против Севиља од 2-0, со што разликата меѓу овие два тима се намали на два бода.
Леванте со тоа си ги зголеми шансите за опстанок, додека Севиља ќе треба да стравува за останување во најквалитетното првенство на Шпанија после овој пораз.
Апсолутен херој на Леванте е Иван Ромеро кој постигна два гола. Првиот во 38. минута од средбата, додека вториот во судиското надополнување од вториот дел.
⚽️ IVAN ROMERO CRUCIFIE LE SEVILLA FC ! 2-0 POUR LEVANTE !pic.twitter.com/e24yTAZpZF
— LigActu 🇪🇸 (@LigActu) April 23, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
