Леверкузен доби шлаканица од новиот бундеслигаш

Првото коло од новата бундес-лига донесе и големо изненадување откако новиот прволигаш Елверсберг го зема скалпот на екс-шампионот Баер Леверкузен, совладувајќи ги „фармацевтите“ со 3-2. Резултатот можеше да биде уште попонижувачки за гостите ако се знае дека Елверсберг на самиот почеток поведе со 2-0, а потоа на стартот од второто полувреме и со 3-0. Се што успеаја да сторат „фармацевтите“ до самиот крај беше да го ублажат поразот преку Шик во 77. минута и Кофане во првата минута од судиското продолжение.

Лајпциг на домашен терен стигна до победа од 3-1 над Борусија Менхенгладбах. Баку, Нуса и Раиц беа стрелци за победничкиот состав, кој и по заминувањето на Диоманде во Реал Мадрид делува моќно во нападот.

Келн во драмматичен меч славеше над Хофенхајм со 3-2, а најинтересно беше во Берлин,  каде Унион по голема борба се врати од негатива од 1-3 и со голот на Шкарке во 92. минута стигна до реми од 3-3 против Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...