Лидер за пример: Кога „фитиљот“ ќе „се запали“, се е полесно…

Македонија со едната нога веќе е на СП 2027 во Германија, откако нашите ракометари славеа убедливо, со седум гола предност на гостувањето во Словачка и широко си ги отворија мундијалските порти.

Како и многу пати во последните години, Филип Кузмановски беше ракометарот по чии ноти играше Македонија, предводејќи го националниот тим со десет погодоци.

Погодуваше на самиот почеток, стрелаше кога требаше да се запре мини-серија на противникот, испрати проектил пред звукот на сирената во првиот дел…. Не се само десетте погодоци, туку и бројните асистенции со кои ги разигра соиграчите, туку и начинот на кој го диктираше темпото, знаејќи кога треба да тргне „сам против сите“ и да даде гол, а кога умешно да застане за да се земе здив, и потоа во нов налет…

Кога „фитиљот“ ќе „експлодира“, се е полесно за македонската репрезентација. Се уверивме во тоа и вечерва во Словачка.

За одбележување е и извонредниот настап на Милан Лазаревски, одличниот пивот максимално ја искористи зголемената минутажа во ситуација кога во составот го немаме Пешевски, па го заврши мечот со седум гола без ниту едно промашување, но и значаен придонес во одбраната.

Се вчитува...