Лидс и Алиоски немоќни, пораз од Вулверхемптон

Вулверхемптон и Лидс одиграа тврд натпревар во рамки на 25. коло во Премиер лигата, а тешката битка ја добија домаќините со минимална победа од 1-0.

Во првото полуверме фудбалерите на двата тима често играа на средината од теренот, а првата по сериозна шанса ја имаа домаќините, кога во 12. минута кон голот на Лидс шутираше Педро Нето, но не успеа да биде прецизен. Гостите го имаа поседот на топката во првиот дел од натпреварот, а најдобрата шанса за гол ја имаше Матеуш Клич од Лидс, но не го послужи среќа, па ја погоди само стативата од голот. Првото полуверме заврши со резултат од 0-0.

Вториот дел од овој натпревар понуди возбудливи минути и повеќе шанси за двете страни. За Лидс 64. минута беше кобна, тоа беше момент кога Илан Месли постигна автогол и ја смести топката во сопствената мрежа. Сепак, Лидс не се предаде така лесно, продолжија да напаѓаат, а во 78 минута успеаја да постигнат и гол, но истиот беше поништен, откако претходно реагираше вар собата. Во 81. минута влезе и нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски, меѓутоа не успеа да помогне на својот тим и да го спаси од пораз.

Со конечни 1-0, Вулверхемптон го помина Лидс во Премиер лигата, па сега се наоѓаат на 11-то место.

Се вчитува...